И пудингот може да биде специјален десерт

Еве една идеја како од обичен пудинг да си направите одличен десерт.

0
330

Иако пудингот и не е некој десерт за кој ни треба рецепт, не е на одмет по некоја идеја.

Значи, ако ви се јаде нешто благо, ама под итно, направете пудинг по рецептот на пакувањето и додадете малку искршени парченца кекси и некое парче овошје.

Ние додадовме кекси, ферментирани вишни, некое парченце чоколадо… и добивме пудинг делукс.

Ако немате ферментирани, вие можете да ставите смрзнати или вишни од компот.