И многу јаболки не чини. Колку е дозволената дневна доза?

Верувале или не, иако се многу здрави, не треба да јадете премногу јаболка на ден. Сепак, ова важи пред се, за луѓето со дијабетес. Иако им се препорачуваат на дијабетичарите наместо слатки и други овошја, не треба да се јадат повеќе од две јаболка на ден

0
568

За јаболките често се вели дека „пристигнале од рајот“. И ова не е далеку од вистината.
Јаболкото е незаменливо овошје на зимското мени. Полно е со витамин Ц, растителни влакна, калиум и многу повеќе. Меѓу другото, одлично е за регулирање на столицата и стабилизирање на цревната флора, па за оваа цел јадете една до две свежи или печени јаболки.

За да поттикнете потење при високи температури, додадете мед и сок од лимон во пирето од варено јаболко и пијте додека е топло. Доколку сте заразени со корона или имате грип, ставете 30 грама суви јаболка во 2 дл врела вода, варете пет минути и испијте го млако. Јаболката може да го заштитат стомакот од оштетување предизвикано од земање лекови како што се нестероидни противвоспалителни антиревматици.

Сепак, верувале или не, не треба да јадете премногу јаболка на ден. Поточно, ова важи, пред се, за луѓето со висок шеќер. Иако лекарите им препорачуваат јаболка на дијабетичарите наместо слатки и други овошја, не треба да јадете повеќе од две јаболка на ден. Имено, поголема количина јаболка може да го зголеми шеќерот во крвта.

Фото: Pixabay