Италијански вкусови во скопски амбиент

Четвртата недела на италијанската кујна во светот  (18-24 Ноември 2019. година) е настан од светски рамки, организиран под покровителство на италијанското МНР, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија.

0
214

Со КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКА КУЈНА за професионални готвачи, студенти, ученици и аматери,  денес, во хотел Мериот во Скопје, во присуство на повеќе од 120 гости и Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Карло Ромео, се означи почетокот на Неделата на италијанската кујна.

Амбасадорот Ромео ја презентираше програмата на Неделата на италијанската кујна,  која вклучува низа настани во организација на Амбасадата на Р. Италија во Скопје.

Во текот на целата недела предвидени се разновидни настани наменети за љубителите на италијанската храна и вино, за готвачи професионалци и за аматери како и за компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на италијанска храна и вино.

Љубителите на италијанска храна и специјалитети ќе имаат можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанските италијански професори по кулинарство од Институтот за Угостителство од Чиленто, Ancel Keys,  од Италија  кој ќе гостуваат на повеќе локации низ градот.