Исчистете ги цревата со помош на семки од тиква

Ако дојде до тоа да добиете цревни паразити (јајцата од црви влегуваат во цревата со неизмиен зеленчук, овошје, контаминирана вода, лошо зготвена храна, валкани раце или контакт со болно животно), семките од тиква се вашиот спас.

0
375

Цревни паразити можат да се појават и кај деца и кај возрасни. Токсините на цревните паразити можат да доведат до оштетување на имунитетот, хронични заболувања и метаболички нарушувања. Јајцата од црви влегуваат во цревата од околината, на пример, со неизмиен зеленчук, овошје, контаминирана вода, лошо зготвена храна, валкани раце или контакт со болно животно. Постојат повеќе од илјада видови на разни цревни паразити кои можат да живеат во човечкото тело. Некои се многу мали или микроскопски, додека други може да се видат со голо око.

Цревните паразити можат да живеат во цревниот тракт долго време без да предизвикаат симптоми. Сепак, вообичаени симптоми: болка во стомакот, запек, дијареја, надуеност, гасови, дизентерија, итн.

Покрај тоа, цревните паразити можат да предизвикаат анемија, алергии, темни кругови под очите, хроничен замор, поспаност, чувствителност на светлина, крвавење на непцата, носот и ректумот.

За чистење на телото од паразити, можете да користите семки од тиква, но и рен, есенцијални масла, пелин или босилек.

Како да го исчистите телото со семки од тиква?

За чистење на телото од глисти, обично треба да јадете 100 до 200 свежи семки од тиква на празен стомак, а потоа по 3 часа земете лаксатив.
По сушењето на семето, количината на кукурбитацин се намалува, но кога семето ‘рти, повторно се зголемува во иста количина како и кај свежите. Затоа, некои експерти препорачуваат употреба на никнати семки од тиква или свежи за отстранување на цревните глисти. Третманот се спроведува 3 дена по ред.

Покрај ефектот на чистење, семето му обезбедува на организмот вредна супстанција за зајакнување на имунитетскиот систем, лекување на анемија и раст на клетките. Семките од тиква се богати со цинк, а содржат и многу тирозин и селен, кои се неопходни за правилно функционирање на тироидната жлезда.

Рецепт: земете 50 гр излупени семки, прелијте ги со 250 мл вода, вријте ги 30 минути на тивок оган, па оставете да се свари. Земајте ја оваа течност наутро на празен стомак 3 дена.

Препорачаната дневна доза за возрасен е 100 – 200 семки; за деца се препорачува да се разговара за дозата со лекар. Како превентивна мерка, може да се консумираат по 10 семки на ден. Покрај тоа, се препорачува да се јаде повеќе зеленчук и овошје, конкретно, рен, морков, кромид, лук, зелка, магдонос, боровинки, јагоди, лимони, праски, маслинки, ореви, лешници, бадеми.

Фото: Pixabay