Цедењето на лимон не е секогаш лесно – особено ако го цедите рачно на обична пластична цедилка.
Дури и искусните готвачи знаат дека цедењето лимон може да биде тешко, а понекогаш, кога не ви треба целиот лимон, другата половина лесно можете да ја заборавите во фрижидерот.
Најдовме одличен трик како да исцедите лимон само толку колку што ви треба, без да го сечете и без да прскате на сите страни.
Овој трик го најдовме на Јутјуб. Постапката трае само 30 секунди, а сè што ви треба е нешто остро. Еве како да го исцедите.
Неколку секунди тркалајте го лимонот по рамна површина за да му попуштат мембраните.
Користете остар предмет (нож, стапче за ражен, чепкалка за заби и сл.) за да направите дупче во лимонот на местото од кадешто инаку расте на стеблото.
Исцедете онолку сок колку што ви треба.
Завиткајте го преостанатиот лимон и оставете го во фрижидер.
На видеото подолу можете да ја погледнете целата постапка, на 1:25 мин.
Но можете да го погледнете и целото видео затоа што има уште неколку добри кујнски трикови.