Состојки:
250 г ореви
250 г суво грозје
250 г урми
100 г шеќер
2 лажици брашно
3 лажици кисела вода
Приготвување:
- Оревите и урмите се сечкаат и се мешаат во еден сад заедно со сувото грозје.
- Се додаваат брашното и киселата вода и смесата се обликува во форма на леб.
- Се пече на 150 степени околу половина час.