Кога сакате да готвите, тогаш и од обичен гриз ќе направите привлечен десерт.
Нашата читателка Зорица Блажевска не потсети на овој стар рецепт кој го правеа нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци.
На турски се вика ирмик, а по наше – гриз.
Состојки:
1 чаша гриз
масло за пржење (ако не постите може и путер)
1 ипол чаша шеќер
2 ипол чаши вода
по желба: оревчиња, суво грозје или како во рецептот на госпоѓа Зорица, само зрнца од калинка за украсување.
Приготвување:
Во тава ставете масло и ако ставате оревчиња, пропржете ги нив кратко, па додадете го и гризот и пржете додека малку не ја смени бојата. Додека се пржи гризот треба постојано да го мешате.
Истовремено, во тенџере зовријте вода со шеќер и оставете да зоврие на средна температура, односно, направете шербет.
Постепено додавајте го шербетот во гризот постојано мешајќи и оставете го заедно околу 5-6 минути на ринглата, поточно, додека гризот не го апсорбиера шеќерот.
Тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. По желба можете да додадете и суво грозје.
Земајте по една лажица од гризот и редете го на чинија. Украсете со зрнца од калинка.