Инхалацијата со рен ги брка вирусите

Студената сезона е во полн ек, а инхалацијата со рен може да ви помогне да избркате вирусите! Имено, свежиот корен на ова растение е богат со витамин Ц, магнезиум, калциум, калиум и есенцијални масла.

0
275

Ренот особено се препорачува во текот на зимата, како превентивна мерка, но и како лек. Еве како можете најдобро да се „послужите“ со ренот.

Сè што треба да направите е да го изрендате свежиот корен од рен и да го прелиете со вински оцет. Потоа ставете го сето тоа во шише од половина литар и добро затворете го. Чувајте го на собна температура десетина дена и повремено протресете го. Потоа можете да ја користите оваа течност како превентива и лек. Неколку пати на ден, отворете го шишето и вдишувајте ги по пет минути испарувањата од течноста.

Ако имате сериозна настинка, натопете памучна крпа со смесата од шишето и држете ја на челото или на задниот дел од главата преку ноќ. Ренот ќе ги исчисти синусите, ќе го стимулира ослободувањето на слузта и ќе ги ублажи главоболките и воспалението на синусите.

Препознајте го воспалението на синусите

Многу луѓе, кои не се среќавале често со воспаление на синусите, не знаат како да ги препознаат симптомите што укажуваат на тоа. Според зборовите на лекарите, долготрајната главоболка или губењето на сетилото за мирис може да бидат само некои од симптомите на воспаление на синусите

Пред се, тврдат лекарите, постои зголемена секреција и затнат нос, жолтеникав секрет, тешкотии при голтање, болка во грлото, слевање на секрети… Дури на крајот се јавуваат силни болки и притисок во шуплините на синусите. Воспалението на синусите не е наивно затоа што се случува кога вирусот ќе се зафати во грлото, брзо се размножува и на слузницата на носот и ушите. Во тој дел, најлесно ќе направи проблеми кај оние на кои синусите или ушите им се слаба точка. Токму затоа пациентите истовремено се жалат на воспаление на грлото, затнати уши и притисок или болка во областа околу синусите.

Инаку, дури и лесните, но нелекувани сезонски инфекции можат да бидат многу комплицирани. Ако настинката не помине за три дена, а се појават секрет, гушење, „свирење“ во градите и температура, потребно е дополнително лекување. Ако настинката „се развлече“ и не се лекува, се заканува бронхитис, па дури и на пневмонија.