Зошто треба да јадеме маслинки?

Сите знаеме дека маслиновото масло е многу здраво, но и маслинките не заостануваат по своите здравствени придобивки. Освен тоа, ниту едно мезе, предјадење или пица не можат да се замислат без маслинки, без разлика дали се црни или зелени.

0
990

Маслинките се користеле како храна во далечното минато, многу пред да се појави првото писмо. Според грчката митологија, маслинките се нарекувале храна на Боговите. Иако има маслинки со разни бои и нијанси, сите тие се првично зелени. Исто така се и многу горчливи, благодарение на супстанцијата олеуропеин, која се извлекува од нив со различни методи.

Карактеристики на маслинките

Маслинките се богати со железо, витамини Е и А, натриум, калциум, влакна. Многу луѓе избегнуваат да конзумираат маслинки затоа што мислат дека содржат многу маснотии. Точно е дека маслинките содржат маснотии, но тоа се здрави масти познати како Омега-9, кои го зголемуваат добриот холестерол (ХДЛ).

Маслинките содржат антиоксиданти, полифеноли и флавоноиди, кои имаат антиинфламаторно дејство. Значи, можеме да кажеме дека маслинките се идеална храна за борба против слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки во телото.

Зошто маслинките се здрави?

1. Ја подобруваат меморијата

Маслинките содржат полифеноли, супстанции кои го намалуваат оксидативниот (оксидативен) стрес во мозокот. Многу студии спроведени во Америка покажуваат дека секојдневното консумирање на маслинки ја подобрува меморијата за дури 25%.

2. Даваат енергија

Една шолја маслинки содржи 4,4 мг железо. Железото помага во синтезата на карнитин, аминокиселина која ги трансформира мастите во енергија. Покрај тоа, железото го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

3. Ги намалуваат брчките

Маслинките ги намалуваат брчките за 20%, бидејќи содржат олеинска киселина. Оваа мононезаситена масна киселина Омега-9 ја одржува кожата мека и здрава. Маслинките содржат и витамин Е, кој го подобрува здравјето на кожата.

4. Го намалуваат зголемениот апетит

Студија спроведена во Италија, покажува дека конзумирањето на 10 маслинки по оброк, го намалува апетитот за 22%. Мононезаситените масни киселини кои се наоѓаат во маслинките го забавуваат варењето и го стимулираат хормонот колецистокинин, кој е одговорен за испраќање пораки до мозокот дека организмот  е сит. Овие масни киселини, исто така, го стимулираат лачењето на адипонектин, супстанца што согорува маснотии 5 часа по нивното внесување во организмот, такашто маслинките се идеални за луѓе кои држат до витката линија.

5. Спречуваат кардиоваскуларни заболувања

Поради содржината на масни киселини, маслинките го регулираат нивото на холестерол и триглицериди, спречувајќи ги овие штетни материи да се акумулираат во крвните садови. На тој начин, маслинките ги штитат и зајакнуваат артериите и спречуваат појава на многу здравствени проблеми поврзани со кардиоваскуларниот систем.

6. Го елиминираат запекот

На луѓето кои имаат проблеми со запек им се препорачува да консумираат маслинки затоа што се богати со растителни влакна.

7. Ги намалува воспаленијата и болките

Поради присуството на антиоксиданси, маслинките делуваат како средство за ублажување на болката и намалување на воспалителните процеси во организмот.

8. Спречуваат рак

Антиоксидантното и антиинфламаторното дејство на маслинките имаат корисен ефект врз организмот, ги елиминираат токсините од телото и се борат против слободните радикали, а со тоа ги штитат клетките од малигни заболувања.

9. Ги намалуваат алергиите

Вклучете ги маслинките во вашата секојдневна исхрана, бидејќи на тој начин можете да ја зголемите отпорноста на вашето тело на разни алергии, или да ги ублажите нивните симптоми.

10. Ги чуваат очите

Една шолја маслинки содржи препорачана дневна доза на витамин А, неопходен за одржување на здравјето на очите, и за подобар вид, особено ноќниот вид. Маслинките штитат од појава на глауком, катаракта и други болести на очите кои се јавуваат во староста.

Фото: Pexels