Најздраво е да се јаде свежо подготвен оброк. Сепак, заради забрзаниот ритам на животот, готвењето оброци за наредните или дури наредните неколку дена е одамна наша реалност, како и нивното подгревање.
Сепак, мора да знаете дека некои намирници се јадат само свежо подготвени, бидејќи загревањето може сериозно да ви го наруши здравјето.
Целер
Ако сте зготвиле супа која содржи коренест зеленчук, особено свеж целер, погрижете се, пред да ја загреете да го извадите од супата. Целерот содржи нитрати кои стануваат токсични доколку се загреат. Истото важи и за морковите и цвеклото.
Спанаќ
Овој зелен лиснат зеленчук, исто така, не треба повторно да се загрева откако ќе се зготви еднаш. Причината се нитратите, кои не се токсични сами по себе, но ако повторно го загреете спанаќот, би можеле да станат.
Печурки
Без разлика дали тоа е омлет, сос или супа од печурки, важи истото правило – не подгревајте. Печурките се чувствителна храна и мора да се јадат додека се свежо подготвени. Нивната потрошувачка по загревањето може да доведе до пречки во варењето – грчеви и диареја.
Компир
Сигурно некогаш ви останале печени или пире од компири во некој сад. Малку подоцна, неговите рабови станале црни. Ова е доволен знак дека оваа, веќе термички обработена храна, повеќе не треба да се загрева или јаде. Кога ќе се олади, во компирот доаѓа до зголемување на процентот на отпорен скроб кој има пробиотско дејство.
Ориз
Некои готват поголема количина ориз, па го оставаат во фрижидер и повторно го загреваат по потреба. Но, тоа во никој случај не е добра идеја. Оризот, сам по себе, не е проблематичен, туку е проблематично неговото чување, такашто во незготвениот ориз можат да се најдат бактерии што можат да предизвикаат труење. Со готвењето тие бактерии се уништуваат, но никогаш не можеме да знаеме со сигурност дека се уништува баш сè. Поради оваа причина,не е препорачливо оризот да се јаде откако ќе се олади, бидејќи ова се идеални услови за преживеаните бактерии да се размножат и да предизвикаат здравствени проблеми во форма на диареја, повраќање, па дури и труење.
Јајца
Без оглед во каква форма се подготвени – пржени јајца, печени, варени – јајцата не смеат повторно да се загреваат. Секогаш е подобро да ги јадете ладни или да ги фрлите отколку да ризикувате труење.
Пилешко
Пилешкото месо е богато со протеини, поради што не треба повторно да се загрева откако ќе се зготви. Поради промената во структурата на протеините, загреаното пилешко месо може да предизвика дигестивни проблеми кои ќе бидат уште поизразени кај децата.
Фото: Pixabey