Американските нутриционисти немаат ништо против редовно консумирање туна од конзерва, но секако не би ја ставиле на секојдневното мени. Нивното несогласување со честото посегање по овие конзерви не само што има врска со количината на жива и тешки метали што можат да бидат присутни во нејзиното месо, туку и со генералните детерминанти на здравата исхрана.
Добро е познато дека туната е миграциска риба која може да плива многу километри и да апсорбира тешки метали и жива како резултат на загадувањето на морето. Количеството жива нема да исчезне дури и по комплицираниот процес на конзервирање, но изложеноста на нејзините негативни својства ќе зависи од индивидуалните карактеристики на поединецот.
Дури и да соочите две лица со исти услови – на пр. една конзерва од 180 грама исцедена туна на ден не би добиле идентични резултати. Имено, влијанието на живата врз човечкиот организам ќе зависи од телесната тежина на поединецот, општата состојба на организмот, како и од можните генетски болести од кои би можело да страда таа личност.
Имајте на ум дека во 100 грама конзервирана туна може да се најдат 10 до 45 микрограми жива, додека истата количина во свеж одрезок од оваа сина риба ќе биде двојно поголема!
Исто така, треба да се знае дека повеќето морски плодови содржат одредени количини жива, а најчестите причини за труење со овој елемент вклучуваат сè, од дигестивни проблеми, како повраќање и слабост, до губење на меморијата. Затоа, здравствените експерти препорачуваат умереност во консумирањето.
Паниката околу труењето со жива од туна почнала да се шири околу 2004 година кога американската Агенција за храна и лекови ги советуваше бремените жени, но не и општата популација, да го ограничат внесот на оваа риба во организмот.
Фото: Pixabey