Зошто би требало секој ден да јадете по едно киви?

Кивито е мала овошка која во себе крие голема нутритивна сила. Еве неколку факти кои можеби не сте ги знаеле, а сигурно ќе ве натераат да почнете со оваа практика – едно киви на ден, секој ден.

0
1624

Едно средно големо киви тежи околу 70 грама, а содржи едно чудо витамини и минерали. На пример, едно киви може да задоволи 80 отсто од дневите потреби за витамин Ц. Кивито може да се пофали и со содржина на магнезиум и калиум, но она по што е многу интересно е процентот на серотонин.

Серотонинот често се нарекува и хормон на среќа затоа што влијае на расположението, а исто така го подобрува и помнењето и го регулира апетитот. Важен е и за регулација на сонот поради што научниците во 2011.година го испитувале влијанието на кивито врз квалитетот на сонот. Испитаниците во текот на 4 недели јаделе по две киви еден час пред спиење, а резултатите покажале дека од кивито подобро спиеле.

Ако ви е комплицирано лупењето, пробајте такашто ќе го измиете, ќе го исечете на половина, па ќе го јадете со лажичка.

Фото: Pixabey