Знаете ли што се случува со вашето тело додека јадете лут сос?

Лутиот сос делува како општ стимуланс - го зголемува дотокот на крв во вашиот желудник, го забрзува срцевиот ритам и, генерално, додава енергија во вашето тело.

0
838

Сигурно барем еднаш сте пробале лут сос и сте го имале она чувство дека устата буквалнo ви гори.

Иако е ова понекогаш болно искуство (буквално!) луѓето ширум светот и натаму секојдневно уживаат во него.

Ефектите кои ги има лутиот сос врз човечкото тело се движат од многу добри (го забрзува метаболизмот) до многу непријатни (засилено лачење на плунка), а во продолжение прочитајте кои се сѐ последиците од консумирањето на овој понекогаш несфатлив зачин.

Ги стимулира рецепторите за болка на вашиот јазик

Поради капсаицинот, главната состојка на лутиот сос, вашата уста верува дека е сосот врел затоа што се поврзува со сетилните пупки на вашиот јазик. Истите пупки му кажуваат на вашиот мозок кога, буквално горите!

Го збунува вашиот мозок

Бидејќи овој рецептор на вашиот јазик го активираат и врелината и капсаицинот (но тој самиот не распознава за што станува збор), со земањето на лут сос, вашиот мозок верува дека температурата е многу повисока отколку што е тоа всушност случај, односно дека горите. Всушност не горите, но поради некоја причина вам ви се допаѓа тоа чувство.

Ја зголемува температурата на вашето тело

Лутиот сос ја крева телесната температура што ве тера да се потите, станувате црвени боја (поради ширењето на капиларите), а не е ретко ни течењето на носот. Запомнете, сето тоа е реакција на целосно измислена топлина.

Го зголемува дотокот на крв во вашиот желудник

Рецепторите за болка на вашиот јазик се слични на оние кои можеме да ги најдеме и на sидовите на желудникот, поради што со консумирањето на лут сос можете да почувствувате грчеви, а понекогаш и нагон да одите во тоалет. Но, не се грижете – сето ова всушност го забрзува вашиот метаболизам.

Засилено лачите плунка

Пецкањето кое го чувствувате во носот и на вашата кожа ја зголемува количината на плунка што се создава во вашата уста, поради што ќе мора почесто да ја голтате.

Меѓутоа, ако сакате да се „оладите“ мразот не е решение! Капсаицинот не е растворлив во вода, но преферира масла и масти – затоа млекото и киселата павлака се многу ефикасни во намалувањето на чувството на топлина.

Ја зголемува циркулацијата на крвта

Лутиот сос делува како општ стимуланс – го зголемува дотокот на крв во вашиот желудник, го забрзува срцевиот ритам и, генерално, додава енергија во вашето тело.

Го продолжува вашиот живот

Иако чувството на горење обично не трае подолго од 15 минути, некои студии покажаа дека високите количини на витамин Ц во капсаицинот (а можеби и сѐ што беше наведено досега) доведуваат до продолжување на животниот век на љубителите на лут сос, барем на оние што го консумираат 4 пати неделно.

Фото: Pixabey