Знаете ли што е царски бурек?

Љубителите на бурек обично велат дека не признаваат бурек со сирење, со спанаќ, печурки или компири и дека единствениот вистински бурек е оној со месо. А кога тој е уште и прелиен со павлака и лук, тогаш имате нешто специјално, познато како - царски бурек

0
848

Денеска, нашата екипа во Загреб испробуваше буреци. Иако љубителите на бурек велат дека за бурек не признаваат бурек со сирење, како што не признаваат ниту бурек со спанаќ, печурки или компири, туку дека е бурек само оној со месо, приказната за бурекот не завршува тука.
Ние испробавме одличен бурек печен под сач, кој тука изгледа како нашите пити, а јадевме и бурек со говедско месо, прелиен со павлака и лук и познат како царски бурек.

Всушност, станува збор за мантии со мелено месо, во случајов, преполни со фил, а прелиени со павлака со лук, што на прв поглед можеби и не изгледа којзнае како, ама на прв и на секој следен залак, има фантастичен вкус.

Не е премногу мрсно и на крајот, наместо да ви е лошо, во устата ви останува вкусот на мантиите освежен и збогатен со овој вкусен прелив.

Интересно е и тоа што наместо осмина, четвртина или пита, тука, овие мајстори на занаетот го наплаќаат бурекот според тежината, без оглед дали е царски или обичен бурек.

Сепак, царскиот е малку поскап, па килограм чини 89 куни, а 300 грама од истиот спакувани во картонска кутија, чини 26.70 куни или, во превод, околу 3,5 евра за 300 грама мантии прелиени со павлака и лук и печени под сач или нешто повеќе од 200 денари.

Бурекот со месо чини 85 куни за килограм, а 620 грама, што е отприлика колку 2 четвртини, чини 52.70 куни, односно, околу 7 евра или скоро 500 денари.

Во споредба со нашите цени, секако, ова е премногу, но ако се земе предвид стандардот и овдешните плати, чини отприлика исто.