Одвојувањето на жолчките од белките е вообичаен процес при подготовка на пандишпан, но дали сте се обиделе да направите омлет на тој начин?
Ако ги изматите одделно жолчките и белките пред да ги споите во една смеса и да ги испржите во тава, ќе добиете совршен омлет мек како облак. Исто така се нарекува и суфле омлет.
Можете да направите омлет печен на овој начин во солена верзија и да го зачините со сол, црн пипер и други зачини или во слатка и да го зачините со шеќер во прав, мед или друг засладувач.
Состојки:
5 белки
3 жолчки
2 лажици путер
зачини по желба
Приготвување:
Одвојте пет белки и изматете ги со миксер додека не се добие цврст шлаг. Во друга чинија изматете само три жолчки (зачувајте го остатокот за друг рецепт) и изматете ги пенесто.
Внимателно измешајте ги жолчките во белките.
Истурете ја смесата во загреана тава со нелепливо дно и покријте ја. Печете на умерена температура 3 минути.
Отворете ја тавата, подигнете ги рабовите на омлетот со шпатула и додадете го путерот. Вратете го капакот и печете уште 3 минути.
Зачинете го омлетот со зачини по желба, преклопете го и префрлете го во чинија. Добар апетит!
Фото: Pixabey