Танинот кој се наоѓа во кожата на бадемот го спречува вашето тело да ги апсорбира сите добри состојки што ги има ова јаткасто овошје. Затоа, пред да ги консумирате, натопете ги во вода преку ноќ и горчливата кожа ќе се отстрани самата, а киселината од вашиот желудник ќе може да се позанимава со хранливите состојки што ги нудат сега бадемите.
Бадемите се полни со протеини, влакна, витамин Е, калциум, цинк, фосфор и магнезиум и само кога се без кожа сите тие состојки доаѓаат во полн сјај.
И ајурведата го советува овој начин на консумирање бадеми, но покрај тоа советуваат и да ги изедете веднаш по будењето, бидејќи со тоа се регулира лачењето на хлороводородна киселина во стомакот, но ја спречуваат и киселината и други дигестивни проблеми.
Фото: Pexels