Ако не сте направиле се уште, не се секирајте, уште не е доцна. А ова е најлесниот начин да направите домашен сок од домати, дури и ако никогаш досега не сте правеле.
Состојки:
3 кг домати
1 лажичка сол
Приготвување:
Изберете помеснати домати, измијте ги добро, исечете ги на половини и исчистете ги од петелките. Додадете сол и смелете ги во блендер.
Претурете го сокот во чисти тегли, добро затворете ги со метални капаци.
Наредете ги теглите на тепсија, такашто нема да се допираат една со друга.
Ставете ја тепсијата во ладна рерна, вклучете ја на 90 степени и оставете ги теглите во неа три часа.
Почекајте да се оладат и готово, можете да ги сместите.
Фото: Pixabay