Здрав пудинг од овесни снегулки

Овој десерт е направен по примерот на сутлијашот, но наместо ориз, основна состојка на овој пудинг се овесните снегулки. Десертот е многу лесен за подготовка. Ви требаат само 10 минути.

0
355
Фото: Unsplash

Здравиот пудинг од овесни снегулки е идеален рецепт во оние денови кога имате ненајавени гости. Десертот ќе биде готов исто толку брзо колку и чајот или кафето.

Во овој десерт наместо шеќер можете да користите стевиа, јаворов сируп или мед и млеко по ваш избор.

За две лица ви се потребни следните состојки:

1/2 шолја овесни снегулки,
2 шолји млеко (или 1 шолја млеко + 1 шолја вода),
суво овошје по избор (суво грозје, брусница, кајсии, гоџи бобинки, …)
бадеми или лешници, колку сакате,
Јаворов сируп, стевиа, мед или евентуално 4-5 урми, по вкус
прстофат кардамон во прав (може да користите и цимет),
прстофат морско оревче во прав,

Приготвување:

Во сад со дебело дно се вари млекото (на умерена температура).
Во зовриеното млеко додадете овесни снегулки, бадеми, ореви, суво грозје, зачини.
Гответе десет минути со постојано мешање.
Послужете го десертот во чинии и декорирајте со ф’стаци, бадеми, чоколадни трошки, кокос или нешто друго по ваш вкус.
Десертот можете да го послужите веднаш или да почекате да се излади.