Не само што сите сакаме леб, туку можеме и сами да го подготвиме – со малку намирници и без часови поминати во кујната.
Но, неретко наидуваме на проблеми кога почнуваме да го правиме.
Покрај брашната што прават проблем, проблем можат да направат и производите што се користат за кревање на тестото, како прашокот за пециво и содата бикарбона. Понекогаш лебот со нив премногу се рони, понекогаш воопшто не се крева, а понекогаш преовладува вкусот на сода, така што не е премногу вкусен.
Кога ќе го направите вашиот прв леб и ќе сфатите колку е ова едноставна кулинарска задача, повеќе нема да размислувате да купувате готов. Единствениот недостаток на домашниот леб е долгиот процес на правење. Подготовката го вклучува и времето потребно за подигање на тестото, што може да потрае и до еден час, а нешто помалку е потребно за да се испече. Плус, кога е готов, треба да почекаме најмалку 20 минути за да се излади за да можеме да го пробаме.
Печењето леб дома денес стана многу популарно, а за тоа има многу причини – поздраво е, повкусно и без адитиви. Единствениот проблем е што процесот трае многу време. Затоа ви нудиме брз рецепт, без квасец и чекање тестото да се крене.
Само треба да се вооружите со омилените семиња. Чиа семето ќе ги поврзе сите состојки, лененото семе ќе направи од лебот вистинско богатство на влакна, а овесните снегулки ќе станат идеална основа за леб што ве заситува додека да трепнете.
Состојки:
235 г овесни снегулки
90 г пропржени бадеми
25 г чиа семе
3-4 лажици семки од сончоглед
65 г семки од тиква
120 г ленено семе
1 лажичка сол
55 мл маслиново масло
6 дл вода
Приготвување:
- Семките од тиква и од сончоглед пропржете ги малку во тава, а рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
- Исто така, пропржете ги и бадемите во тава, откако претходно ќе ги исечкате на 2-3 помали парчиња.
- Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а водата и маслиновото масло во друг.
- Додадете ги сувите состојки на влажните и оставете ја смесата да отстои некое време.
- Ставете ја хартијата за печење во тавата за леб и истурете ја смесата.
- Премачкајте ја смесата со уште малку маслиново масло и печете ја на 200 степени околу 60 минути.
- Оставете да се излади добро пред да послужите.
Фото: Pixabey