Состојки:
25 урми
200 г овесни снегулки
1 лажица путер од кикирики
2 банани
ленено семе, сончоглед и сусам
4 лажици какао
Вода
1 јајце
1 лажичка прашок за пециво.
Приготвување:
Измешајте ги овесните снегулки со лажичка прашок за пециво, па се додаваат семките по вкус, потоа додадете ги јајцето и пирето од банани, малку вода и измешајте сè добро.
Ставете ја смесата во подмачкана тава да се пече 15-20 минути. Исчистете ги урмите на мали парчиња, додадете какао и путер од кикирики и прелијте со топла вода (за да ги покрие урмите), оставете ги да отстојат некое време, а потоа сѐ добро изгмечете за да добиете крем.
Кога кората ќе се испече и ќе се излади, ставете го одозгора филот.
Фото: Pixabey