Палентата или качамакот е јадење кое настанало во северна Италија. Од секогаш се сметало за селско јадење, здраво е, вкусно е и ефтино, а може да се консумира на разни начини и во комбинација со различни намирници.
Најважната работа кај ова јадење е фактот што не содржи глутен и може да ја консумира секој, без оглед на возраста.
Идеално е за мали бебиња, за луѓе кои водат сметка за килограмите или пак за оние кои имаат проблеми со системот за варење. Палентата содржи доволно минерали, нутриенти и витамини за да може телото нормално да функционира. Има големо влијание и на спречувањето на разни болести, како и на севкупното здравје на човекот. Во својот состав има природни масти, односно каритеноиди и токму тие здрави маснотии поттикнуваат подобра и поквалитетна работа на цревата.
Пченкарното брашно содржи низа хранливи состојки и е голем извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така, има голема содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.
Има многу малку калории и е идеален оброк за слабеење. Сто грама палента содржи околу 380 калории. Таа е одличен избор и како здрав оброк за најмалите, особено во комбинација со јогурт или со некој зеленчук или со малку пармезан и зелени никулци од пченица.
Меѓудругото, научно е докажано дека со консумирање на качамак значително се намалува ризикот од појавување на канцер, особено рак на дебело црево, но и од појавување на хемороиди.
Јакнењето на клетките на дебелото црево е исто така уште еден од успесите кои се забележани кај лицата кои ја ставиле палентата во своите редовни оброци. Што се однесува до разликата помеѓу купечката палента и домашната, купечката е збогатена со аскорбинска киселина, односно, со витамин Ц и бета каротен, па со тоа е и нешто побогата кога станува збор за витамините А и Ц од домашната, а а кога станува збор за калориите, јаглените хидрати и мастит се со слична количина во составот на двата вида.
Приготвување на палента:
Палента, односно, качамак може да се приготви на два начини, подеднакво лесни и брзи.
На првиот начин, потребно е да се наполни лонец со 3 ипол шолји вода, во кои се додава малку масло и прстофат сол. Кога ќе провие, температурата се намалува на минимум и се додава една шолја пченкарна палента со константно мешање.
Се препорачува употреба на дрвена лажица, заради оксидацијата на металните лажици. На крајот, овој вкусен оброк може да се пороси со зелени никулци од пченица.
Вториот начин на приготвување е следниот: Ставете во тенџере литар ипол вода и една лажичка сол. Почекајте да зоврие па додадете 500 г пченкарно брашно. Брашното ќе остане на површината на водата. Со дрвено тенко сукало или со врвот од дршката на дрвената лажица се прави дупче на врвот од купчето брашно во водата и се остава да се вари така на умерено тивок оган. По извесно време брашното ќе се стопи со водата, измешајте ја убаво за да не останат грутчиња и подготвена е за консумирање.
Можете да додадете сирење, јогурт, павлака или нешто друго по ваш избор. На пример, зелени никулци од пченица.