Состојки:
3 зрели банани
4 мали или 3 поголеми јајца
250 г мелени овесни снегулки
50 г кокосово брашно
100 мл кокосово масло
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка мед
4 урми
цимет, ѓумбир
1 ванилин шеќер
Приготвување:
Згмечете ги бананите.
Изматете ги јајцата па додадете мала лажичка мед и исечкани свежи урми, доколку сакате да биде поблаго. Ќе биде благо и без нив, бидејќи зрелите банани се доволно слатки. Додадете го кокосовото масло, а потоа соединете ги сувите состојки (овесните снегулки, кокосовото брашно, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, зачините), измешајте се заедно и истурете ја смесата во калап во кој има хартија за печење.
Печете го во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути.