Состојки:
1/2 кесичка сув квасец
1 лажичка шеќер или мед
200 мл млака вода
1 павлака
4 лажици маслиново масло
500 г грахам брашно
100 г ленено брашно (убаво смелено ленено семе)
ситни овесни снегулки (додадовме отприлика околу 20-30 грама, затоа што тестото беше малку лепливо, па проценете сами дали и што да додадете, уште брашно или овесни снегулки)
50 г сончогледово семе (нека бидат цели за да крцкаат под забите)
1 лажичка сол
Приготвување:
Замесете тесто од состојките и оставете го да стои покриено во сад 45 минути.
Потоа премесете го и формирајте мали топчиња кои ќе ги наредите во тепсија врз харија за печење. Малку сплескајте ги и засечете ги по површината. Потоа можете да ги премачкате со жолчка или само со маслиново масло. Се наросуваат со уште семки, ние ставивме сусам, бел и црн, ама се одлепи затоа што малку ги препековме.
Затоа, внимавајте, печете ги на 200 степени најмногу пола час, во зависност од тоа како ви пече рерната, може да се доволни и само 20 минути, особено ако ги печете на малку појака температура.