Здрави намирници со кои не треба да се претерува

Од премнигу моркови можете да пожолтите, од чиа семе да се здебелите, сојата може да влијае на хормоналните лекови што се користат за лекување на хипотироидизам, цвеклото е подобро да не се комбинира со црвено месо, а дневната количина на авокадо, да се ограничи на пола авокадо со нормална големина.

0
794

Откако е научно докажано дека медитеранската исхрана е најздравиот начин на исхрана, луѓето сфатија колку е всушност храната поврзана со здравјето.

За жал, луѓето се склони кон претерување во сè, па така и кога станува збор за она што е здраво. А ниту едно претерување не е добро. Видете и зошто.

Моркови

Морковите изобилуваат со бета-каротен, кој нашето тело го претвора во витамин А. Не постои вишок на витамин А, бидејќи телото го претвора бета-каротинот во тој витамин по потреба. Сепак, вишокот на бета-каротин во организмот може да предизвика каротенемија, состојба која предизвикува кожата да стане жолта. Со текот на времето, бојата на кожата се враќа во нормала, бидејќи каротинот се распаѓа и не предизвикува оштетување на организмот.

Комбуха

Овој кинески напиток, кој стана популарен ширум светот, има многу придобивки за дигестивниот систем и исто така се смета дека го зголемува бројот на добри бактерии во цревата. Сепак, содржи таканаречен FODMAP, еден вид јаглени хидрати кои нашето тело потешко ги вари. Станува збор за нуспроизвод од ферментацијата на габите кој доколку се консумира во прекумерни количини, може да предизвика проблеми со надуеноста и варењето.

Вода

Премногу вода може да создаде нерамнотежа на електролити такашто значително нивото на натриум во организмот значајно ќе се намали. Уште една последица, во екстремни случаи, е акумулацијата на вода во мозокот, што доведува до отекување на мозокот и псоздавање притисок, со оглед на тоа што черепот не може да се растегне според потребите. Иако ова се случува многу ретко, забележано е кај спортисти кои понекогаш настојуваат претерано да се хидрираат после интензивни тренинзи или кај луѓе со бубрежни заболувања кај коишто бубрезите не можат да „обработа“ преголема количина на вода.

Авокадо

Авокадото содржи влакна и прилична количина на витамини. Може да помогне во намалување на нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) и одржување на здравјето на телесните клетки, благодарение на големата количина еднократно заситени маснотии кои ги содржи. Но, маснотиите се и натаму маснотии.

Едно авокадо содржи 240 калории, што е 10 до 20% од вкупниот просечен дневен внес на калории за возрасен. Внесувањето премногу калории може да доведе до затнување на артериите. Треба да се консумира препорачаната количина од половина авокадо на ден, ако е сиров, или двојно повеќе ако станува збор за чипс од авокадо.

Цвекло

Цвеклото е одличен извор на витамини и минерали, и содржи многу нитрични оксиди кои нашето тело ги претвора во нитрати, а тие помагаат во намалувањето на крвниот притисок. Потоа, тие се претвораат во нитрозамини, кои инаку се наоѓаат во месото, а тие го зголемуваат ризикот од развој на некои болести. Подобро е да се избегне истовремена голема потрошувачка на цвекло и црвено месо.

Алги

Алгите се редок пример на храна која не е од животинско потекло, а е богата со витамин Б12, што ја прави одлична замена за месо. Исто така се нарекува супер храна затоа што помага во слабеење, богата е со јод и растителни влакна. Од друга страна, зголемениот внес на јод може да предизвика проблеми со тироидната жлезда, па дури и зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, алгите можат да содржат високи нивоа на тешки метали, во зависност од тоа каде пораснале.

Соја и деривати на соја

Сојата е богата со многу хранливи материи, вклучувајќи витамини од групата Б, растителни влакна, калиум, магнезиум и протеини со висок квалитет. Покрај тоа, ги содржи сите 9 основни аминокиселини кои организмот не може сам да ги произведува. Меѓутоа, ако неодамна сте ја промениле исхраната поради проблеми со тироидната жлезда, бидете внимателни со сојата, бидејќи таа може да влијае на хормоналните лекови што се користат за лекување на хипотироидизам.

Чиа семе

Иако се продава како супер храна поради високата содржина на омега 3 киселини, нема научни докази за неговиот позитивен ефект врз срцевите и циркулаторните заболувања. Киселините од омега 3 присутни кај чиа семето потешко се апсорбираат од оние од лососот, такашто иако содржат повеќе, ќе бидат потребни дури 100 грама чиа семе за да се апсорбира истата количина што може да се апсорбира од рибата.

Проблемот е во тоа што 100 гр чиа семе содржат 500 калории, што е приближно исто како и еден хамбургер.

Фото: Pixabey