Здрави колачиња со ѓумбир и куркума (ВИДЕО)

Направете ги овие вегански и безглутенски колачи како здрава верзија за оние кои сакаат во секое време да имаат дома вкусни домашни кекси

0
496

Состојки за кексите:

3 банани

1½ чаши / 200 г мелени овесни снегулки

2 лажици ѓумбир во прав

1 лажица куркума

прстофат сол

по желба прстофат црн пипер

Состојки за кремот:

115 г индиски ореви

2 лажици засладувач како сируп од јавор или мед

1 лажиче екстракт од ванила

2 лажици масло или путер од кокос

Малку вода

За поросување: уште малку куркума или ѓумбир во прав

Приготвување:

  1. Измешајте ги сите суви состојки. Овесните снегулки треба да се смелат во блендер додека не се добие брашно.
  2. Згмечете ги бананите со вилушка и потоа измешајте ги со сувите состојки.
  3. Земајте од смесата со лажица и ставете ги во садот за печење. Обидете се да ги направите со иста големина и приближно округла форма.
  4. Печете ги на 180C околу 12-15 минути додека не добијат малку боја.
  5. Извадете ги од рерната и оставете да се изладат и да се зацврстат.
  6. Измешајте ги сите состојки за кремот во блендер и ставете го во замрзнувач на 5 минути да се зацврсти.
  7. Ставете по малку од кремот врз секое колаче и поросете ги со малку ѓумбир или куркума во прав.
  8. Чувајте ги во затворена кутија во фрижидер.

Рецептот е од ТУКА.