Најдовме рецепт за едни токму такви, здрави и слатки бомбици, кои се полни со протеини, а не содржат пченично брашно, млеко или шеќер. Тајната на нивната слаткост лежи во сувото грозје.
Еве што ви треба за да ги направите овие едноставни посни колачи кои ќе ви ја задоволат желбата за слатко.
Состојки:
1 шолја суво грозје
¼ шолја бадеми
¼ шолја сирови семки од тиква
1/5 шолја сирови семки од сончоглед
2 лажици какао во прав
4 лажици кокосово брашно
половина лажица ванилин шеќер
Приготвување:
Потопете ги бадемите и семето во вода преку ноќ. Потоа исушете ги и добро измешајте во блендер. Додадете суво грозје, какао, ванилин шеќер и кокос и сè повторно измешајте во блендерот за да добиете густа смеса. Од смесата формирајте бомбици и извалкајте ги во кокос.
Фото: Unsplash