Здрава чоколадна торта?!

Зошто да не? Шеќерот може да се замени со некоја здрава варијанта, брашното исто така, а авокадото и темното чоколадо се она што всушност ја прави оваа торта тоа што е

0
1100

Многу малку намирници имаат толку добри нутритивни својства како авокадото. Иако некои го избегнуваат заради големиот процент на маснотии што ги содржи, важно е да се нагласи дека авокадото содржи претежно монозаситени масни киселини кои помагаат во регулирањето на нивото на холестерол.

Авокадото може да се јаде во сендвич, како додаток во салата и во други јадења, пијалаци и разни сосови. Но и во десерти, секако, здрави!

Состојки:

3 чаши брашно (се препорачува кокосово или оризово брашно)

5 лажици темно чоколадо во прав

2 лажички прашок за пециво

2 лажички сода бикарбона

1/2 лажичка сол

1/4 чаша маслиново масло

1 зрело авокадо (згмечено)

2 чаши вода

2 лажици бел оцет

2 лажички екстракт од ванила

2 шолјички шеќер (или 2/3 чаша овошен шеќер)

Глазура:

2 зрели авокада (згмечени)

1 чаша шеќер (1/3 чаша овошен шеќер)

5 лажици темно чоколадо во прав

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 ° С.

Измешајте ги првите 5 состојки. Во друг сад, изматете ги заедно маслиновото масло и следните четири состојки. Додадете го шеќерот. Истурете ги влажните состојки во пирето од авокадо, комбинирајте ги со смесата од брашното и мешајте додека не се соедини. Поделете го колачот во два калапи и печете 30 минути. Извадете ги од рерната и кога ќе се изладат извадете ги од калапот целосно да се оладат. Добро измешајте ги состојките за глазурата и истурете ги врз едното тесто, па ставете го одозгора другото и премачкајте го остатокот од глазурата.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.