Здрава варијанта на мармалад од сливи: Чиа мармалад

Ќе ги бараме сливите кога ќе ги нема, затоа не е лошо да го зачуваме вкусот во омилениот мармалад од сливи, но овојпат, на поздрав начин.

0
503

Чиа мармалад од сливи (0,5 л)

Состојки:

500 г сливи

2 лажици мед

3 лажици чиа семки

Сок од пола лимон

1/2 лажичка цимет

Приготвување:

Измијте ги сливите и извадете ги семките, па исечкајте ги на четвртини и ставете ги во тенџере на тивок оган. Додадете ги сокот од лимон и циметот и варете ги покриени околу 10 минути, додека не омекнат.

Потоа трнете ги од ринглата и згмечете ги со гмечалка за пире и додадете ги медот и чиа семките.

Оставете да отстојат 5 минути па префрлете во чиста стаклена тегла и потрошете го во рок од две недели.

Совет: За секој случај, стерилизирајте ја теглата.

Фото: Pixabey