Состојки:
1 жолчка
¼ лажичка сол (или по вкус)
1 лажица сок од лимон
1 лажичка сенф
240 мл маслиново масло
Приготвување:
Ставете ги во еден сад жолчката, сокот од лимон и сенфот и почнете да матете. Во слаб млаз постепено долевајте од маслото и не престанувајте со матењето додека не се потроши целата количина. Набрзо ќе добиете густа маса, односно, мајонез кој можете да го чувате во фрижидер околу една недела.
Фотографијата и мајонезот се од ТУКА.