Се обидувате да ја направите вашата исхрана што е можно поздрава и да користите што повеќе корисни намирници во вашите оброци. А сакате да биде и нешто вкусно, со што помалку калории, и со што повеќе витамини и хранливи материи. Еве го нашиот предлог за здрав, вкусен и брз појадок. Да, повторно станува збор за овесни снегулки, ама овојпат – чоколадни!
Потребни се:
3 лажици овесни снегулки
2 дл млеко
1 лажица какао
1 банана
2 лажици ореви
цимет по вкус
ако сакате додадете и 1 лажичка мед
Приготвување:
Сварете ги овесните снегулки со млеко и какао, а потоа ставете ги во сад во кој ќе ги додадете останатите состојки. Кога ќе се олади, додадете исечкана банана, ореви и малку цимет. Ако сакате можете да додадете и лажичка мед.
Фото: Unsplash