Конзумирањето на една до три лажици мелено ленено семе во рок од 21 ден може потполно да го исчисти дебелото и тенките црва од слуз, фекални наслаги и паразити и притоа целосно да ја зачува цревната микрофлора. Оваа метода овозможува брза нормализација на тежината и согорување на масните наслаги. Позитивно влијае на регулирањето на липидниот метаболизам. Лененото семе може да ги апсорбира и елиминира токсините од организмот и да го намали нивото на холестерол во крвта.
Ленот ќе ви помогне доколку имате гастритис, колитис, чир на желудник и на дванаесетпалечното црево, болести на уринарниот тракт, цистит, прекумерна тежина, како и нарушен метаболизам.
Најдобро оди во комбинација со кефир, ферментиран напиток направен од млеко кој е комплетен извор на протеини, со многу есенцијални аминокиселини, минерали и скапоцени Б – витамини. Она што е добро во врска со кефирот е дека содржи неколку видови пријателски бактерии и корисни квасци. Овие пробиотски организми помагаат да се исчистат цревата, доведуваат до баланс а оваа комбинација освен што е добра за слабеење и за здравјето, е и многу вкусна.
Состојки:
Голема супена лажица мелено ленено семе
Половина филџан пробиотски јогурт
Ленот добро се меша со јогурт и се пие половина час пред оброк. Ова може да се повтори и половина часа пред легнување навечер. Ваквата диета се препорачува да трае дваесет и еден ден, па потоа треба да се направи пауза од една недела. Меленото ленено семе го забрзува метаболизмот и го подобрува ритамот на празнење на цревата.