Зачувајте свеж босилек за во зима

Овој одличен метод за чување на босилек го најдовме на блогот Resheadcandecorate. Кој не би сакал и во текот на зимата да ја има аромата на свеж босилек?

0
395

Рецептот за зачувување на свеж босилек за во зима го најдовме на блогот Resheadcandecorate. Кој не би сакал и во текот на зимата да ја има аромата на свеж босилек? Ајде да одиме по ред.

Потребни состојки и материјал:

Босилек
Сол
Маслиново масло
Тегли

Свежите листови од босилек измијте ги добро со ладна вода и оставете ги да се исушат целосно. Пронајдете помали тегли со капаци, измијте ги и стерилизирајте ги.

на дното од секоја тегличка ставете по малку сол, а потоа додадете еден ред лисја од босилек, посипете со малку маслиново масло и така редете до горниот дел од теглата: ред сол, ред босилек, ред масло.

Кога ќе ја наполните теглата до врвот, посипете го горниот слој босилек со сол и масло, а потоа нежно притиснете го и цврсто затворете го капакот.

Теглата може да стои во фрижидер до две години, но се сомневаме дека нема да го потрошите и порано.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.