Зачин што го исфрла лошиот холестерол, ги одзатнува крвните садови, спречува инфаркт …

Дали знаевте дека само две лажици босилек обезбедуваат третина од препорачаната дневна доза на витаминот К, клучен за згрутчување на крвта?

0
1177

Босилекот е една од прастарите и популарни билки што се полни со лековити фитонутриенти. Оваа едногодишна билка се одгледува заради своите лековити лисја и семиња.

Најдобро успева во топли, тропски клими, а експертите велат дека постојат повеќе од 60 познати видови босилек и дека сите тие спаѓаат во три главни групи: слатка, виолетова и грмушка.

Овие супер здрави билки се лесни за одржување, можете да ги исечете пупките веднаш штом ќе се појават, со сечење под лисјата во близина на дното на долгото и тенко стебло, за вашата билка да расне погусто и да се појават нови гранчиња.

Најдобро е кога се користи свеж и обезбедува не само пријатен лут вкус, туку и импресивна количина корисни состојки за телото. Витаминот К, клучен за згрутчување на крвта, е само една од нив! Дали знаевте дека само две лажици босилек обезбедуваат третина од препорачаната дневна доза на витамин К?

Исто така е богат со витамин А, бетакаротен, моќен антиоксидант кој ги штити клетките што ги обвиваат бројните органи, вклучувајќи ги и крвните садови, од оштетувањето предизвикано од слободните радикали. Тоа го спречува холестеролот во крвта да оксидира, што понатаму спречува атеросклероза, срцев и мозочен удар.

Босилекот содржи и голем број други витамини и минерали, вклучувајќи железо, калциум, магнезиум, витамин Ц и калиум. Босилекот има и антибактериски својства и содржи флавоноиди кои ја штитат ДНК.

Неверојатните лековити својства на босилекот:

  • Моќен антиоксидант
  • Обезбедува одлична заштита од бројни хемикалии кои предизвикуваат карциногенеза
  • Босилекот е многу силен природен антибиотик поради неговиот антимикробен состав. Во комбинација со лук, го претставува најмоќниот антибиотик некогаш создаден.
  • Ги чисти крвните садови
  • Многу е добар за чистење на артериите од ЛДЛ холестерол

Оваа супер здрава билка е исто така одлична за лекување и спречување на многу здравствени проблеми како главоболки, дијареја, запек, кашлица, паразити, брадавици, заболувања на бубрезите …