Зачинете ја својата лимонада!

Ако сакате лимонади, а лимонот го гледате како сојузник во борбата против вирусите и бактериите, овој вкус може да ви здодее. Токму затоа научете да го облагородите! Зачинете ја својата лимонада

0
203

Ако сте од оние што сакаат лимонада, но би ја пиеле почесто ако е веќе готова, еве еден одличен рецепт за ароматична лимонада што можете да си ја пиете во текот на целиот ден!

Основен рецепт за литар лимонада:

шеќер по вкус (или направете ја со мед или некој друг течен засладувач кој ќе го ставите на крајот, кога лимонадата ќе се олади)
1 литар, плус 2 лажици вода
1/2 лажиче цели каранфилчиња
стапче цимет
1/2 лажиче црвен пипер
сок од 4 до 6 големи лимони
1 лимон, исечен на парчиња

Како да ја направите?

Ставете 1 литар вода, зачините и ако сакате, шеќер, во голем сад. Ставете го да зоврие на средна топлина околу 5 минути, а потоа оставете ја течноста да се излади.

Процедете и ставете ја течноста во бокал, додадете сок од исцедени лимони и две лажици ладна вода. Ако не ставивте шеќер, сега е време да додадете некој друг засладувач. Оставете да се олади и уживајте во пијалокот.

Фото: Pixabay