Засадете си кромид во пластично шише

Дури и во текот на зимскиот период можете да имате свежо домашно кромидче ако го засадите на овој начин – во пластично шише, на прозорската даска кадешто нема многу да пречи и да зазема многу простор.

0
845

Како да засадите кромид во пластично шише најдовме на блогот Auntiedogmasgardenspot.

Потребен материјал:

Луковици

Пластично шише

земја

За почеток најдете малку пошироко и поголемо пластично шише од 2 или 5 литри, добро измијте го и отсечете го врвот, веднаш под линијата кадешто почнува да се стеснува.

На шишето исечете толку дупки колку што имате луковици и нека бидат доволно големи за да може врвот на луковицата да помине низ нив.

Во шишето наизменично редете ги земјата и луковиците такашто врвовите на луковиците да бидат во земја, а крајот од кадешто ќе никнуваат изданоците да ѕирка низ дупките на шишето. Редете додека не го наполните со земја цело шише и не ги затнете сите дупки со луковици.

Кога ќе завршите, полејте сé со вода и ставете го шишето таму кадешто допира најмногу светлина.