Започнете го денот со какао

Овој пијалок ги намалува стресот и депресијата, штити од срцеви заболувања и крвни садови. Какаото не асоцира на чоколадо, но оваа моќна намирница содржи многу витамини и минерали.

0
345

Сировото какао има горчлив вкус, но е богато со антиоксиданти, влакна, магнезиум, бакар, фосфор, железо и цинк. Го штити организмот од слободни радикали, ги намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови.

Какаото било донесено во Европа од Кристофер Колумбо од неговите морепловски авантури во новооткриената Америка. Тогашните народи правеле специфичен пијалок од какао, сличен на денешните ликери.

Додадете какао во својот појадок, на вашите омилени снегулки или испијте го овој здрав пијалок наместо кафе.

Какаото во својата изворна форма нема дополнителен шеќер, такашто е особено погодно наутро затоа што нема да го зголеми нивото на шеќер во крвта, за разлика од многу слатки житарици и други намирници што ги консумираме наутро. Бидете сигурни дека какаото не содржи додадени шеќери за да биде најздравата опција за вас.

Фото: Unsplash