Замислете, детергент за перење од диви костени

Сé уште не сме го испробале ова, но ако некој од вас го испроба, споделете го со нас своето искуство.

0
351

Есента е конечно тука, а со неа и купишта диви костени. Со оглед на тоа што тие не се јадат,  еве еден супер корисен начин како да ги искористите. Една жена, обучувач на Ecobrick, споделила на Фејсбук една еколошка опција – ги искористила дивите костени за да направи детергент за перење алишта.

За жал, овој мал трик не е толку едноставен, но, вреди да се потрудите ако, како и нам, ви пречат пластиката и хемикалиите што го загадуваат морето благодарение на нашите алишта. Плус, трикот би можел да ви заштеди доста пари ако случајно живеете во близина на парк покриен со паднати диви костени кои треба само да ги соберете.

Таа пишува на Фејсбук: Повеќе од една година не користам ништо друго освен диви костени. ‘Нема мирис, нема хемикалии, нема палмино масло, нема пластика. Ништо, освен мојата енергија’.

Па, како да ги преобразите тие бесплатни плодови во нешто што може да се искористи за чистење на облеката? Прво, треба да ги соберете. Тоа е забавно, бидејќи можете да ги натерате децата да се вклучат во мисијата за собирање јатки од диви костени или да ги замолите пријателите да ги соберат сите кои ќе им се најдат на патот.

Штом имате добра залиха, треба ситно да ги исечете, а потоа да ги исушите. Тоа можете да го направите со дехидратор, но ако немате, можете да користите и рерна на тивок оган. Штом парчињата се целосно суви, земете 40 грама и ставете ги во тегла или друг сад од 500 грама, а потоа пополнете ја оваа тегла со врела вода и оставете ги 10 до 30 минути. Процедете ги во друга тегла – течноста е вашата прва серија од детергентот за перење. Можете да ги потопите истите парчиња и по втор и по трет пат. Секој пат кога ќе ја направите течноста, таа ќе изгледа малку поретка, и ќе забележите дека убавата дрвенеста арома ќе исчезне до третиот пат. Кога се сосема искористени тие се претвораат од жолти во бели.

Се препорачува да ја користите течноста од првото натопување за повалкани алишта, користејќи го целиот дел ако имате особено валкана облека или половина за нормално перење. Можете да го користите целиот дел од вашата втора серија за редовно перење, и користете ја третата серија за крпи или за нешто што не е многу валкано. Потоа, искористените костени можете да ги додадете во вашиот компост.

’Нашата облека не мириса на ништо и е супер мека. Трикот е во тоа што костените, како и сапуните, содржат природна супстанција слична на сапун, која работи на отстранување на дамките и нечистотиите и додавање на свеж мирис на облеката. Некои луѓе ги користат овие обвивки на дивите костени и како природен шампон’, објаснува таа.