Задоволете ја желбата за чипс со овој од само 79 калории!

Ако постојано чувствувате желба да грицкате чипс, тогаш ќе бидете задоволни со овој рецепт. Направете го со печени, наместо со пржени моркови и ќе имате многу поздрава алтернатива на традиционалниот чипс од компири.

0
268

Освен здрава доза на витамини А и Ц и растителни влакна, морковот содржи антиоксиданти кои можат да помогнат да се намали ризикот од рак, а исто така и да се подобри вашиот имунолошки систем. Плус, нивната природна сладост во комбинација со солта со која ќе ги попрскате создава одличен солено-сладок вкус на кој нема да можете да му одолеете.

Целата порција содржи само 79 калории и нуди 4,1 грама влакна – чипсот од компир има 160 калории и само еден грам влакна.
Овој чипс е зачинет само со морска сол, но слободно бидете креативни и додадете цимет за посладок вкус или црн пипер, ким или црвен пипер за малку поинтензивен вкус.

Состојки:

2 големи моркови (или 3 средни)
1/2 лажичка маслиново масло
1/8 лажичка морска сол

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 150 степени
Измијте ги и излупете ги морковите. Исечете ги тенко на тркалца или по должина, со помош на лупач. Ставете ги парчињата морков во сад и прелијте ги со маслиново масло и сол.
Поставете ги морковите во еден слој врз хартија за печење.
Печете 15 до 20 минути, или додека морковите не се исушат и не станат крцкави. Гледајте ги внимателно до крајот, бидејќи можат брзо да изгорат.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.