Загрејте се со густа супа од домати, кељ и наут

Прекрасната мешавина од домати, кељ и наут е совршена кога сакате да јадете нешто со лажица, вкусно и здраво.

0
261

За уште подобар ефект на загревање, додадете малку ѓумбир. Оваа супа е исто така одлична како главно јадење, се служи со свеж багет или домашен крцкав леб и уживајте!

Состојки:

3 лажици рендан ѓумбир

20 мл маслиново масло

2 сечкани лукчиња

1 тиквичка исечкана на коцки

200 мл вода

800 мл пелати

1 главица (помала) кељ, исечена на ленти

2 свежи домати, исечкани на коцкички

100 г наут (од конзерва)

2 лажици мелен ким

2 лажички чили во прав

Приготвување:

Пропржете ги зачините, тиквичките и ѓумбирот (во садот во кој ќе се готви супата). Промешајте 5 минути, а потоа додадете вода, пелати, 3/4 кељ, наут, 1 домат, ким и чили.

Намалете ја температурата на минимум и оставете да се готви 20 минути.

Измешајте ги состојките со миксер и додадете ги преостанатиот кељ и вториот домат. Оставете да се готви уште 5 минути на средна температура.

Кога ќе биде готова, почекајте 5 до 10 минути пред да ја послужите.

Фото: Pixabey