Едноставно: Направете домашен путер од бадеми

Ако сте љубител на путер од кикирики, сигурно ќе ви се допадне и оваа варијанта – путер од бадеми. Но наместо купечките, со адитиви, направете си го дома самите. Ќе ви требаат само 30 минути

0
607

Рецептот е многу едноставен и лесен за приготвување, а ќе ви требаат само малку време и трпение.

Ова е одличен начин ова здраво и вкусно јаткасто овошје да го воведете во својата исхрана.

Состојки:

2 шолјички бадеми

1 лажичка кокосово масло

1 лажичка сол

1 лажичка мед или природен засладувач

Хартија за печење и добар миксер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени и пропечете ги бадeмите десетина минути.

Ставете ги во потоа во миксер со кокосовото масло, солта и медот и мешајте 10 минути, односно додека сосема не се иситнат и не го пуштат своето масло. Путерот од бадеми е готов кога е кремав и мазен.

Пробајте го и додадете зачини по желба, ставете го во тегличка и чувајте го во фрижидер.

Фото: Pixabey