Цвеклото е навистина вредна намирница. Ја нормализира работата на срцето и крвните садови, го нормализира метаболизмот, го стимулира имунитетот, го елиминира заморот и ја подобрува активноста на мозокот. Најголема придобивка од цвеклото е тоа што ги чисти крвните садови и ја спречува тромбозата.
Цвеклото е извор на фолна киселина, аминокиселини, јод, калциум, магнезиум, железо, витамини А, Б1, Б2, Ц, Е и други корисни супстанции.
Цвеклото треба да го комбинирате со суви сливи, суви кајсии, суво грозје и генерално со сушено овошје, бидејќи на тој начин ќе го добиете најдоброто и од цвеклото и од овошјето.
За да ги добиете сите придобивки од цвеклото, мора да го јадете една недела, секој ден. Затоа ви предлагаме неколку рецепти за салата од цвекло, кои можат да послужат и како оброк.
Вкусна салата од цвекло: за добро варење и чисти крвни садови
Ова јадење му помага на телото да ја свари мрсната храна, а крвните садови ги чисти такашто ја подобрува циркулацијата.
Состојки:
1 сирово цвекло
1 сиров морков
3 чешниња лук
100 гр ореви
Сол и црн пипер
Маслиново масло (јаболков оцет по желба и вкус).
Приготвување:
Изрендајте ги цвеклото и морковите, додадете го ситно исечканиот лук и оревите и зачинете со масло и јаболков оцет. Додадете сол и црн пипер.
Салата од цвекло и зелка: ги елиминира токсините од телото
Ако се борите со бавен метаболизам, ова е вистинската салата за вас.
Состојки:
1 цвекло
200 грама зелка
2 јаболка
3 лажици маслиново масло
1 лажица сок од лимон
Додадете зачини и свеж магдонос.
Приготвување:
Оваа салата популарно се нарекува „метла“, и тоа со причина. Совршено ги елиминира токсините, лекува кожни проблеми и лош здив.
Измешајте ги сите состојки и додадете им масло и сок од лимон. Зачинете ги со сол и црн пипер и со свеж магдонос.
Салата од цвекло и јаболка: Одлична за доцна вечера
Оваа мешавина на овошје и зеленчук има совршен вкус. Благотворно делува врз кожата, враќајќи ѝ го здравјето.
Состојки:
1 цвекло
2 јаболка
3 лажици сок од лимон
1 лажица мед.
Приготвување:
Излупете ги цвеклото и јаболката на коцки. Додадете сок од лимон и лажица мед. Измешајте сè и уживајте во лесната вечера.
Салата од цвекло и сирење: гурманско искуство што не се заборава
Состојки:
1 цвекло
150 грама пармезан
2 моркови
3 чешниња лук
50 мл павлака
сол и црн пипер.
Приготвување:
Излупете ги цвеклото и морковите, па изрендајте ги и додадете ситно сечкан лук. Прелијте сè со павлака и пармезан, додадете зачини и промешајте. Уживајте во совршената салата.
Фото: Pixabey