Состојки:
1 лажичка чиа семе (5 г)
една и пол чашa вода (300 мл)
1 лимон
1 лажица мед
Приготвување:
Ставете го чиа семето во 100 мл вода и оставете да отстои еден час. Потоа исцедете го сокот од лимон и измешајте го со семето. Додадете ја преостанатата вода и медот.
Пијте го овој хранлив пијалок секое утро пред појадок.
Еве како овој напиток му помага на организмот
Полн е со антиоксиданти и помага при слабеење.
Семињата чиа содржат 5 пати повеќе калциум од млекото; имаат повеќе антиоксиданти од боровинки; имаат 3 пати повеќе железо од спанаќот; содржат многу повеќе влакна од овесните снегулки; содржат голем број протеини, поради што се омилено семе на вегетаријанците.
Предности на овој напиток:
1. Предизвикува ситост и помага во регулирање на апетитот
2. Помага да го негуваме нашето тело со витамини и минерали
3. Го спречува предвременото стареење
4. Го подобрува варењето на храната
5. Помага во борбата против вишокот тежина
И лимонот и чиа семето се природни антиоксиданти кои ќе помогнат да се исчисти телото од токсините, да се отстранат мастите од телото; добар диуретик е и се бори против запек.
Водата со чиа семе создава гел што го исполнува желудникот, а потоа го стимулира варењето и го чисти целото тело.
Фото: Pexels-Pixabay