Пред две години објавивме фотографии од две девојки кои, иако останаа анонимни за читателите, ги покажаа своите големи сочни домати. Кога стасаа првите, мислевме дека се тоа најголемите, највкусни и најдобри домати, како оние што ги знаеме од детството, но потоа стасаа и другите.
Токму такви се и овие кои годинава ги најдоа нашите пријатели во Соње. Јабучари, големи, вкусни и сочни. Сорта која најмногу ја има во околината на Скопје и која има вкус на вистински домат. Иако се големи, ќе треба да се потрудите и да ги изедете побргу, бидејќи не траат долго.
Иако се џиновски, нивната тајна не е во тоа што ги прскаат со пестициди или други заштитни средства, туку во навременето прскање со препарат од варена коприва и навремено наводнување.