Суров зеленчук
Суровиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали. Сепак, не се препорачува за појадок бидејќи е вистински предизвик за вашиот систем за варење, особено кога го консумирате на празен стомак.
Јогурт
Ако имате чувствителен стомак, појадок кој вклучува јогурт може тешко да ви „падне“. Имено, јогуртот содржи здрави млечни киселини, кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празен желудник ги убива со својата киселина. Што помага? Доволно е да консумирате малку јаткасти плодови, парче авокадо или лажица овесни снегулки, колку да не ви биде празен желудникот.
Банана
Банана на празен стомак одеднаш го зголемува нивото на шеќер во крвта, но исто така и тоа ниво паѓа многу брзо. Ова може да резултира со ненадејни напади на глад во текот на денот.
Цитруси
Чаша свежо исцеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен желудник може да предизвика киселини. Единствен исклучок е вода измешана со лимон, бидејќи сокот од лимон е доста разреден.
Фото: Pexels