Еве како да ги исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди

Долгорочната консумација на овошје и зеленчук кои не се добро измиени може да биде опасна по здравјето.

0
252

Повеќето овошја и зеленчуци се третирани со разни пестициди, без разлика дали сте ги купиле во супермаркет или на локалниот пазар. Иако употребата на пестициди во одгледувањето храна е строго регулирана, долгорочната консумација на овошје и зеленчук кои не се добро измиени може да биде опасна по здравјето.

Не ги мијте овошјето и зеленчукот сè додека не планирате да го консумирате. Со миењето овошје и зеленчук пред да се складира се создава идеална средина за развој на бактерии.

Темелно измијте ги рацете со вода и сапун пред да почнете да го миете овошјето и зеленчукот. Исто така, проверете дали се чисти додатоците и површините што ќе ги користите. Прво, отсечете ги сите скапани делови од овошјето и зеленчукот. Методот со кој најдобро ќе ги исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди зависи од тоа за каков вид намирници станува збор.

Ако станува збор за овошје или зеленчук со кора, како што се портокал и краставица, измијте ги пред да ги излупите бидејќи тоа ќе го спречи пренесувањето на бактерии и пестициди од лушпата.

Овошјето со потенка кора, како што се јаболка и круши, и коренест зеленчук, како компир, морков и цвекло, може да се исчистат со чиста четка со меки влакна, ефикасно отстранувајќи ги пестицидите од порите.

Зелен лиснат зеленчук како спанаќ, блитва, зелена салата и кељ е најдобро да се натопи во сад со ладна вода за да се измијат остатоците од почвата. После тоа, можете кратко да ги сварите лисјата во врела вода, исплакнете ги под млаз ладна вода и процедете.

Понежните плодови што би можеле да се распаднат, како што се бобинки и печурки, измијте ги под млаз ладна вода полека триејќи ги со прстите.

Откако ќе ги измиете овошјето и зеленчукот, исушете ги со чиста хартиена салфета или крпа, внимавајќи да не ги смачкате.

Фото: Unsplash