Еве зошто за нешто што е дебелко викаме „пуфка“!

На фејсбук профилот на нашата пријателка Василка Стефановска, инаку, пензионирана професорка од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, ја видовме фотографијата од печурката која ја нашол господин Васко Гошев шетајќи на Водно, тешка точно 9 килограми и 570 грама. Се разбира, професорката Василка ни раскажа и куса лекција за оваа џиновска печурка

0
998

„Печурка во облик на туфка, свежа е многу вкусна, а кога е сува со допир пуфнува ширејќи кафеав прав“.

Во Дигиталниот речник на македонскиот јазик ова е дефиницијата за печурката која меѓу познавачите е позната како Пуфка или Calvatia gigantea (Голема ќелава пуфка).

Станува збор за вид на јадлива сунѓереста габа која, велат, достигнува и до тежина од 20 килограми.

Деновиве на фејсбук профилот на нашата пријателка Василка Стефановска, инаку, пензионирана професорка од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, ја видовме фотографијата од печурката која ја нашол господин Васко Гошев шетајќи на Водно, тешка точно 9 килограми и 570 грама. Се разбира, професорката Василка ни раскажа и куса лекција за оваа џиновска печурка.

„Мојот другар Васко Гошев е голем љубител на природата. Неговите секојдневни прошетки на падините на Водно се испреплетени со многу приказни. Денешната приказна е за сите нас несекојдневна. Тој најде ПУФКА, печурка која ни помалку ни повеќе тежи цели 9,5 килограми. Ако во литературата пишува дека може да се најдат пуфки капиталци со тежина и до 10 килограми, ова е една од нив.

Голема ќелава пуфка  (Calvatia gigantea) е вид на сунѓереста габа. На почетокот од созревањето месото и обвивката се бели. Таа е широко распространета низ територијата на Македонија и е познат деликатес, но ако не се зготви во рок од 24 часа пожолтува и не е употреблива за јадење. Докажано е нејзиното лековито својство како антибиотик.

Откако ќе созрее нејзините спори помагаат за побрзо заздравување на рани. Кога ќе созрее Пуфката ги растура нејзините спори преку пукнатините кои се направиле при притисок или од паѓањето на дождовните капки. Пуфката се сретнува во лето и есен по градини, пасишта, во близина на листопадни шуми.

Поради импресивните димензии, тешко се помешува со други видови печурки. Нејзините спори содржат хемиски соединенија кои имаат антибактериско дејство“, ни раскажа госпоѓа Василка, која го сподели и свјот едноставен рецепт – тенко исечени парчиња од пуфката пржени на плотна.

Како и да е, сега ни е јасно зошто за нешто што е дебелко, викаме дека е како „ПУФКА“.