Ако сте љубител на ликери, сигурно ќе ви се допадне овој освежителен ликер кој можете да си го направите и сами, а за тоа е најдобро да најдете непрскани или многу добро исчистени лимони. Иако, мора да признаеме, вкусот на ова домашно лимончело кое го прави нашата читателка Марина со лимоните кои растат на островот Хвар, е сосема поинаков од нашето домашно лимончело со „скопски“ лимони.
Состојки:
1 литар вотка
8 големи лимони
1 литар вода
1/2 кг шеќер
Приготвување:
Измијте ги лимоните и доколку е можно додадете неколку зелени лимони.
Исечете ги на тркалца и ставете ги во тегла со алкохолот. Оставете на темно место 15 дена.
Потоа подгответе го сирупот: ставете да зовријат вода и шеќер. Мешајте со загревање додека шеќерот не се растопи и сирупот не стане проѕирен. Не треба да врие. Оставете да се излади целосно. Процедете го алкохолот и отстранете ја кората. Промешајте со алкохол и сируп и истурете во стаклени шишиња. Запечатете добро и почекајте најмалку 15 дена пред да пробате. Чувајте ги на темно место.