Домашното млеко од бадем ќе ве чини половина од купечкото, а ќе биде десет пати поздраво

Дали ви се допаѓа млекото од бадеми? За да не бидете измамени, читајте што пишува на пакувањето од скапите купечки млека од бадем. Најдолу во текстот имаме и рецепт како да си го напраите сами

0
447

Бадемовото млеко се рекламира како здрава замена за кравјо млеко, но купувањето бадемово млеко во повеќето случаи е сè, само не здраво.
Домашното млеко од бадеми содржи бадеми и вода и има здрави омега 3 масни киселини, протеини и незаситени масни киселини, но и витамини и минерали како што се: витамини Е и Б6, манган, селен, магнезиум, калциум, железо, калиум, цинк, влакна, фосфор и флавоноиди.
Купеното бадемово млеко содржи вода, шеќер, бадеми (но само 2,3 проценти бадеми), три калциум фосфат, каруба гума, гелан гума, сончогледов лецитин и витамини – рибофлавин, цијанокобаламин, д-алфа-токоферол, ергокалциферол.
Ова значи дека за правење еден литар од ова млеко, кое чини повеќе од 200 денари, биле користени малку повеќе од 20 грама бадеми, односно помалку отколку што има во еден грст.
Ако еден килограм бадеми чини околу 600-700 денари, бадемите во купечкото млеко од 250 денари чинат само 15 денари, па се поставува прашањето што точно плаќаме и колку е всушност навистина здрав овој пијалок кој содржи толку мало количество од основната состојка (бадемите)?
Слична количина домашно млеко од бадем ќе ве чини половина од цената на купечкото, а ќе ви требаат најмалку десет пати повеќе бадеми, односно околу 200 грама, што ќе ве чини 120 денари и околу 700 мл вода.
Цената не е единствениот проблем, проблемот е и во тоа што бадемот е полн со протеини, додека нив речиси и ги нема во купечкото бадемово млеко.

Рецепт за домашно млеко од бадем:

Потопете ги бадемите во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Потоа исцедете ги и излупете ги, ако сакате. Додадете вода околу три пати повеќе отколку што има бадеми, ставете сè во блендер и мешајте додека смесата не стане компактна. Исцедете ја смесата преку газа и чувајте го млекото во фрижидер најмногу пет дена.

Фото: Pexels