Домашни вегански и брзи бомбици

Овие вкусни, вегански 'сникерс' бомбици имаат само 3 состојки и  богат и неверојатен вкус.

0
342

Еве одличен рецепт од Schnelle Rezepte или во превод – Брзи рецепти. Овие вкусни, вегански ‘сникерс’ бомбици имаат само 3 состојки и  богат и неверојатен вкус.

Состојки:

150 г урми
100 г печени кикиритки
100 г црно чоколадо

Приготвување:

Потопете ги урмите во топла вода 10 минути.

После тоа, извадете ги семките и исечкајте ги. Ставете ги во блендер и измешајте.

Додадете ги кикиритките и мешајте уште малку, додека не добиете компактна смеса. Од добиената мешавина, направете топчиња во која било посакувана големина.

Стопете го чоколадото и натопете ги топкињата во неа, а потоа ставете ги во замрзнувач на 10 минути и толку!

Фото: Freepik