Зеленото смуди е класична компонента на многу меѓуоброци, и иако можеби сте го усовршиле вашиот омилен рецепт, дали секогаш барате нови начини да го направите ‘позабавен’? Затоа ви го донесовме интересниот предлог на нутриционистката Франсис Ларџман – Рот, кој можеби никогаш нема да го пробате, но можеби и штом еднаш ќе пробате, ќе ѝ бидете благодарни.
„Пиперчето халапењо му дава жесток удар на ова веганско смуди, а исто така помага во борбата против воспаленијата.“
Другите состојки се вообичаени: целер, краставица, авокадо и кељ.
Според Франсис, комбинирањето на кељ и авокадо е исто така внимателна рамнотежа: „Кељот е богат со витамин К, витамин растворлив во масти, кој игра клучна улога во згрутчувањето на крвта и здравјето на коските“, објаснува таа. „Мастите од авокадо се здрави за срцето и помагаат да го апсорбирате витаминот К.“
Состојки за луто зелено смуди:
¼ чаша вода
стапчиња од целер, исечкани
½ краставица, исечена
1/4 авокадо
Неколку листови од кељ, измиени и исчистени
1 лажица свеж сок од лимон
¼ халапењо пиперче, со семки
Приготвување:
Ставете се во блендер и измешајте.
Фото: Pixabey